речник контакт

Велес ќе добие ,,Скаријадa``

Настанот се планира за догодина напролет и е по барање на угоcтителите

Петар Печков

Во Велес од следната година треба да заживее нова манифестација,  и тоа ,,скаријада,,.  Ова на прес конференција го најави  градоначалникот Чадиев,  а настанот бил по иницијатива на  велешките угостители. Целта е да се промовира  наделеку познатиот вкус на велешката скара.

Воведуваме нова манифестација, откако на средбите со угостителите, тие побараа да се воведе уште една манифестација. Бара да се одржи во пролет. Сакаат освен  ,,Питијада,, да има уште една манифестација. Им излегуваме во пресрет и еве како ставка во Буџетот до година планираме  средства. Тие сакаат да се погрижат околу  поголемиот дел од организацијата а ние ќе им излеземе во пресрет со дел од нашите капацитети - најави Чадиев.     

Дека работата е сериозна е податокот што градоначалникот предложил  во Буџетот до година да се одвојат 400 илјади денари, во  ставка за ,,манифестации,,.  Засега оваа идеја е без многу конкретни податоци, но од локалната власт уверуваат дека ќе се работи сериозно таа да се случи. Првично планирано  е да се одржи во центарот на градот, на паркингот кај Судот, да се случи во месец мај, да биде од петок попладне до недела попладне. Питијадата би останала на есен. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »